Skip to main content
Македонија

Одржан прв авто – мото рели натпревар на историски возила

26/05/2025  18:24

Во рамки на авто – мото рели Шмпионатот на историски возила на Македонија кој се спроведува во склоп на годинешните планирани активности на Националната Федерација на историски возила на Македонија, овој викенд 24 и 25 мај 2025 год. се одржа првиот авто – мото рели натпревар на историски возила, Македонија – Исток.

 На релито се возеа три етапи и тоа: Прва етапа – Скопје – Свети Николе, Втора етапа – Свети Николе – Радовиш и Трета етапа – Радовиш – Струмица.

Вкупната должина на патеката изнесуваше 137 км и истата требаше да се извози во точни, однапред предвидени временски интервали, со почитување на сообраќајните правила и сообраќајната култура, како во населените места град/општина, така и на отворениот автопат.

Историските возила беа распоредени во 2 категории и 5 класи според годината на нивното производство, кубикажата на нивниот мотор и нивните технички карактеристики.

 Со своите возила настапија 27 натпреварувачи, членови на 8 клубови на историски (олдтајмер) возила од државата.

Организатор на овој авто – мото рели натпревар беше Клубот на историски возила VM Classis од Скопје, а истиот беше потпомогнат и одржан во соработка со Општина Центар, Општина Рдовиш, Општина Струмица, Општина Демир Капија и Општина Градско.

Натпреварот беше координиран и технички подржан од страна на Националната федерација на историски возила на Македонија и Светската федерација на историски возила FIVA и Министерството за спорт.

По завршувањето на сите етапи од натпреварот беа прогласени победниците во своите категории/ класи.

I – КАТЕГОРИЈА ОЛДТАЈМЕРИ

Прва класа – Олдтајмери до 1000 cm3

Прво место – Марко Божиновски – Опел Кадет Купе – Клуб VM Classic

Второ место – Мојсије Милосавлевски – Мини Купер – Клуб Мини Класик

Трето место – Ербин Мемиши – Затава 750 – Клуб VM Classic

Втора класа – Олдтајмери до 1600 cm3

Прво место – Марија Соломонова – Затава Југо – Клуб VM Classic

Второ место – Васил Стамболиски – Застава Скала 128 – Ретро Лајф

Трето место – Горан Заковски – БМВ 316 – БМВ Македонија

Трета класа – Олдтајмери над 1600 cm3

Прво место – Жарко Коцевски – Мерцедес 280 сел – Клуб VM Classic

Второ место – Мартин Стоилковски Мерцедес 280 с – Клуб VM Classic

Трето место – Злате Најдовски – Мерцедес 170 св – Клуб Ретро Лајф

II – КАТЕГОРИЈА ЈАНГТАЈМЕРИ

Втора класа – Јангтајмери до 1600 cm3

Прво место – Бојан Пешовски – Даихатсу Шарад – Олдтајмер Клуб Скопје

Второ место – Даме божиновски – Југо Темпо – Клуб VM Classic

Трета класа – Јангтајмери над 1600 cm3

Прво место – Дамјан Николовски – БМВ 730 – Клуб БМВ Македонија

Второ место – Игор Николовски – 323 тк – Клуб БМВ Македонија

Трето место Кристина Георгиевска – Мерцедес – S 300 TD – Клуб VM Classic

Пласманн по клубови

1.Клуб VM Classic – Скопје

2. Клуб БМВ Македонија – Скопје

3. Клуб Ретро Лајф – Скопје

4. Олдтајмер Клуб Скопје – Скопје

5. Олдтајмер Клуб Мини Класик – Скопје

6. Олдтајмер Клуб Авто Мото Класика – Прилеп

Следниот авто – мото рели напревар од Шампионатот на историски возила е планирано да се одржи на 5 и 6 јули во општините од централниот дел на Македонија.