Skip to main content
Македонија

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

18/02/2026  22:57

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес, на околу два километра пред наплатната станица Сопот, од 21.00 часот се одвива по една коловозна лента поради поголем одрон, информира ЈП Македонијапат.

Според информациите, одронот е во должина од околу 80 метри, поради што надлежните апелираат до возачите да бидат особено внимателни и да ја прилагодат брзината на движење.

Се очекува дополнителна интервенција за расчистување на теренот.