
Поради поголем одрон на патниот правец Маврови Анови- Дебар е затрупана едната лента од коловозот во должина од 20 до 30м.
Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот се одвива наизменично, по другата коловозна лента, се до расчистување на одронот.
Интензитетот на сообраќај на останатите патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.