Skip to main content
Македонија

Одрон кај Трпејца, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

14/12/2025  08:34

Утрово од 06.30 часот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, на потегот од с. Трпејца – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради одрон.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата се до расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.