Skip to main content
Македонија

Одрон и на патот Скопје – Велес: Сообраќајот кај првиот тунел се одвива по една лента

20/02/2026  11:08

Поради одрон, од утрово е изменет режимот на сообраќај на патниот правец Скопје – Велес, пред првиот тунел, каде возилата се движат по една коловозна лента.

Надлежните служби апелираат до возачите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот, како и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Се очекува екипите на терен да работат на расчистување на одронот, по што сообраќајот ќе биде нормализиран. Засега нема информации за повредени лица или поголеми материјални штети.