
Македонските екипи кои се натпреваруваат во првото коло од квалификациите од еврокуповите на УЕФА ги дознаа судиите за реванш дуелите.
Во Скопје на дуелот од Лигата на шампионите меѓу Шкендија и ТНС (вторник, 20 часот) главен судија е Сајат Карабајев (Казахстан), додека помошници му се Јуриј Тихонук и Дмитриј Белоградов. Четврти судија е Арман Исмуратов. Главен ВАР-судија е Мајкл Сејлсбури (Англија), а ВАР асистент е Данијар Саки (Казахстан).
На гостувањето на Вардар во Сан Марино во квалификациите од Конференциската лига на дуелот Ла Фиорита – Вардар (четврток 21 часот) главен судија е Арон Вил Џонс, додека асистенти се: Мартин Робертс и Џордан Ли Кристофер. Четврти судија е Брин Давид Маркам-Џонс. Сите судии се од Велс.
Силекс својот домашен натпревар од Конференциската лига ќе го игра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ против црногорскиот тим Дечиќ (четврток 19 часот). Како главен судија е делегиран Виктар Шимсик, заедно со Сјархеј Касавиеч и Антон Хусиеу, додека четврти судија е Ихар Шумилау, сите од Белорусија.
На натпреварот Работнички – Торпедо ќе судат судии од Молдавија: Ион Орлич – главен арбитар, а помошници се: Анатолиј Басиул и Денис Оала, додека четврти судија е Станислав Леу. Дуелот се игра во четврток на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 18 часот.