
Воопшто првиот лек против маларија наменет за бебиња и многу мали деца, е одобрен за употреба. Се очекува лекот да биде достапен во африканските земји во наредните неколку недели, објави „Би-би-си“.

Лекови против маларија за деца постојат, но досега немало лекови специјално наменети за новороденчиња, бебиња и деца со тежина под 4,5 килограми. Наместо тоа, бебињата биле третирани со лекови за повозрасни деца, што носи ризик од предозирање.
Новиот лек, развиен од фармацевтската компанија „Новартис“, е одобрен од швајцарските власти и се очекува наскоро да почне да се употребува во подрачјата со највисоки стапки на маларија.
Според податоците за 2023 година, маларијата била поврзана со околу 597.000 смртни случаи, од коишто речиси сите се случиле во Африка. Околу три четвртини од жртвите биле деца под петгодишна возраст.