
Матеа Поповска одбојкарка и кајакарот Кристијан Смилев ќе бидат знаменосци на Свеченото отворање на Европски младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025.
Оваа спортска манифестација ќе се одржува од 20.јули до 26.јули, а македонската делегација ќе биде една од најбројните со 181 спортист, кои ќе се натпреваруваат во 15 спортови, што претставува историски момент за македонскиот спорт.
На традиционалниот престижен олимписки фестивал ќе учествуваат 50 делегации од повеќе европски земји, над 4000 спортисти на возраст од 14 – 18 години, нивни тренери и тимови за поддршка и околу 700 волонтери, кои ќе се натпреваруваат во 15 спортски индивидуални и групни дисциплини: атлетика, пливање, гимнастика, џудо, велосипедизам, маунтајн бајк, ракомет, одбојка, баскет 3х3, бадмингтон, стрелаштво, кајак слалом, теквондо и пинг – понг.
Натпреварите ќе се одржуваат во Скопје (на повеќе спортски борилишта), во Куманово и во Осиек (Хрватска), гимнастика.
Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на 20.јули (недела) во СЦ „Јане Сандански“.