Skip to main content
Македонија

Одбележани 69 години од мавровската трагедија кога во лавините под Кораб загинаа 52 лица

11/02/2025  15:54

Со пригоден собир на вработени во ХЕС Маврово и локални институции беше оддадена почит на загинатите градители на хидро-енергетскиот систем „Маврово“ и одбележани 69 годишнината од трагичниот настан.

На споменикот во близина на браната во Маврови анови беше положено цвеќе, по што следуваше и обраќање во кое се потсети на февруарска трагедија која го потресе регионот.

– Ноќта на 10 спроти 11 февруари во далечната 1956 година, од снежните лавини што го зафатија мавровскиот регион загинаа 52 градители, граничари и мештани на мавровскиот хидроенергетски систем, беше речено на собирот.

Мавровската снежна трагедија, предизвикана од нагло топење на снегот на падините на околните планини, предизвикало лавини по долината на Радика (во околината на селата Рибница, Торбешки мост и Стрезимир). Од планината Кораб, снежни лавини се урнале врз куќи, бараките на градителите на мавровскиот хидроенергетски систем и караули, при што биле затрупани стотина луѓе. Спасувачките екипи успеале да извлечат само половина од нив. Споменикот на градителите близу браната во село Маврови Анови е подигнат во 1970 година, а ја симболизира нивната храброст и пожртвуваност