
Метео анализа на Славчо Попоски:
Под влијание на влажен воздушен бран од запад и југозапад во Македонија денес ќе има врнежи од дожд, кои особено во јужните и во југозападните предели повремено ќе бидат пообилни. Во текот на денов ќе започне да дува умерен до засилен, повремено и локално силен ветер од јужен и од југоисточен правец (над 60 км/час).
И во Скопје и околината денес ќе има повремен дожд, а ќе започне да дува и повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, а во Скопскиот регион максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 16 степени.