Skip to main content
Македонија

Од вторник (6 мај) повторно создавање на грмотевични облаци!

01/05/2025  08:56

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од вторник (6 мај) територијата на југоисточна Европа, секако вклучувајќи ја  и нашата Република Македонија ќе подпадне под влијание на плитка фронтална долина или висински циклон. Во ваква ситуација очекувам постепено дестабилизирање на атмосферата кај нас  и создавање  и растење на условите за локален развој на грмотевични облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално пак, атмосферските процеси може да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие остануваат рано – летни, односно ќе биде умерено топло и температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, со исклучок на местата со поголема надморска височина. Во Повардарието пак температурите локално ќе се искачат  и до 30 степени.

Сепак, подетална  и официјална метео анализа околу оваа нова метеоролошка промена следува во моите следни метео објави.