Skip to main content
Македонија

Од утре времен режим на ул.„Беличица“, почнуваат работите за реконструкција

21/05/2025  16:36

Општина Гостивар информира дека од утре, 22 мај (четврток), почнуваат работите за реконструкција на ул„Беличица“ во Гостивар, поради што изведувачот на работитe ќе воспостави времен режим на сообраќај.

Првата фаза опфаќа гребење на асфалтот и нивелирање на шахти. „Ќе биде потребно сите паркирани возила на коловозот на ул.Беличица од кружниот тек кај Противпожарна станица/ Трудова медицина до мостот над р.Вардар да се дислоцираат.“, стои во известието