Skip to main content
Македонија

Од утре се отвора сезоната на Михајлово

11/01/2026  19:43

Од утре се отвора сезоната на Михајлово, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Во функција се двете скијачки стази – малата стаза со тепих-лифт, погодна за почетници и најмладите, како и големата стаза „Македонија“ за сите љубители на зимските спортови. Одлични услови, чист планински воздух и пријатна зимска атмосфера, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму додадоа дека патните правци до Михајлово се чисти и целосно проодни, а нивното одржување и чистење се врши континуирано. Работното време е од 10 часот.