Skip to main content
Македонија

Од утре променливо и нестабилно време со дожд!

22/03/2025  12:10

Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60км/час). Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2 за 24 часа).

Во Скопје, од утре времето ќе бидепроменливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.