Skip to main content
Македонија

Од утре нема да важат личните документи и возачките дозволи со старото уставно име

31/12/2024  17:05

Од утре, личните документи и возачките дозволи со старото уставно име на државата повеќе нема да важат. Граѓаните кои ќе бидат затекнати со стара возачка дозвола ќе се соочат со парична казна од 100 евра.

Министерството за внатрешни работи информира дека процесот на замена на документите тече непречено. На пунктовите не се забележува метеж, а службите работат со полн капацитет.

Според одредбите на Преспанскиот договор, со промената на уставното име, граѓаните беа задолжени да ги заменат своите патни исправи, личните карти и возачките дозволи со нови документи.