Skip to main content
Македонија

Од удар на гром се запали Беласица на грчка територија

15/07/2025  17:17

Заменик-генералениот директор на „Македонски Шуми“, Михаилов информираше дека од удар на гром се запалила планината Беласица на грчка територија, во близина на тромеѓето помеѓу Македонија, Грција и Бугарија.

-После девет дена страшно тешка битка конечно го ставивме пожарот над село Николич под контрола, но, сликата зад мене покажува колку природата некогаш може да биде сурова, порача Михаилов.