Skip to main content
Македонија

Од среда до петок (25/27 јуни) максимум на овој топол бран, па освежување!

24/06/2025  08:38

Метео анализа на Славчо Попоски:

Топлиот бран од Африка во нашата Република Македонија засилува на интензитет, и со најголем интензитет ќе биде од утре (среда до петок 25/27 јуни). Во овие денови температурите ќе бидат највисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 39/40 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Времето во овие денови ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност.

Освежување на времето ни следува во петок попладне  и навечер кога локално ќе има развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и услови за локална појава на невреме. За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец а температурите ќе бидат пониски и попријатни.