
Од 1 јули, на островите Санторини и Миконос ќе се наплаќа данок од 20 евра по патник, пишува британскиот Експрес. Овој износ ќе важи во текот на шпицот на сезоната, помеѓу 1 јуни и 30 септември. Во другите грчки пристаништа, тој ќе изнесува пет евра по патник.

Во предсезоната (април, мај) е планирано да биде три евра, додека вонсезоната (од 1 октомври до 31 мај) ќе се намали на само едно евро.
Данокот е воведен за да се ублажат ефектите од масовниот туризам во Грција, особено на Санторини и Миконос. Минатата година, на пример, во текот на еден ден на Санторини, се очекуваа дури 17.000 посетители на крстосувачки бродови, поради што од локалното население беше побарано да ги ограничи своите движења.
Грчката национална туристичка организација соопшти дека тоа ќе помогне „да се поддржи инфраструктурата на најпосетуваните острови во Грција и ќе се обезбеди локалните заедници да имаат подиректна корист од туризмот со крстосувачки бродови“.
Приходите ќе бидат насочени кон зајакнување на локалната инфраструктура, ублажување на влијанието на туризмот врз животната средина и зачувување на природната убавина и културното и историското наследство на островот, пренесува Каматица.