Skip to main content
Македонија

Од полноќ намалување на цените на дел од горивата

30/01/2025  14:16

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на одлуката од 27 јануари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,245%, кај дизелот за 2,240%, кај екстра-лесното масло намалувањето е за 2,473% и кај мазутот намалувањето е за 2,298%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,8351%.

Од 31 јануари од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин Еуросупер БС-95 80,00 (ден/л)
моторен бензин Еуросупер БС-98 82,00 (ден/л)
дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 74,50 (ден/л)
масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (ден/л)
мазут М-1 НС 44,531 (ден/кг)
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,100 денари/килограм и сега ќе изнесува 44,531 денари/килограм.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 31 јануари 2025 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.