
Мајките ни даваат многу во текот на животот, вклучувајќи ја и нашата интелигенција, ако се верува на научните истражувања. Жените имаат XX хромозоми, додека мажите имаат XY хромозоми, а хромозомите служат како „хард диск“ што ги пренесува гените на нашите потомци. Според неодамнешната студија, нашата интелигенција потекнува од важниот Х хромозом. Поради тоа што мајките имаат два такви хромозома, веројатноста дека интелигенцијата се наследува од мајчината страна е двојно поголема.
Што е со придонесот на таткото? Истата студија покажува дека XY хромозомите, добиени од таткото, се одговорни за физичките аспекти на детето.
Сепак, хромозомите на мајката не се единствениот фактор. Истражувањата покажуваат дека емоционалната поврзаност и мајчината љубов значително влијаат на развојот на мозокот. Универзитетот во Вашингтон открил дека мајчината љубов и емоционална поддршка ги стимулираат деловите на мозокот, вклучувајќи го хипокампусот, кој е одговорен за меморијата и учењето. Децата чији мајки им давале емоционална поддршка, имале поголем хипокампус за 10 отсто во споредба со оние чијашто мајка била емоционално ладна.