Skip to main content
Македонија

Од граничните премини кон Грција отворен само Дојран

07/12/2025  16:54

Од граничните премини кон соседна Грција отворен за сообраќај е само граничниот премин Дојран.

Граничниот премин Меџитлија од 12 часот е затворен за сообраќај на товарни возила и автобуси, а граничниот премин Богородица од 11 часот повторно е во прекин поради штрајк на грчките земјоделци.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека на граничниот премин Табановце кон соседна Србија се чека околу 40 минути.