Skip to main content
Македонија

Од денеска се сослушуваат семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани – три обвинителства се вклучени во сослушувањето

27/05/2025  13:40

Од денеска се сослушуваат семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани. За ова извести Обвинителството, кои велат дека распоредот за сослушувања се одредува во соработка со „Support Kocani“.

Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека “Пулс” започнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата “Support Kocani”“, велат од Обвинителството.