Skip to main content
Македонија

Од денес важат новите казни: 40 и 50 евра ако преминувате пешачки со телефон на уво или во рака

25/09/2025  08:47

Од денес почнуваат да важат новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет веќе не е „ситница“, туку прекршок кој се плаќа.

Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.

Законот обврзува пешаците да се движат внимателно и без користење уреди кои го намалуваат вниманието при преминување коловоз или велосипедска патека.

Од Нова година ќе следуваат и уште поригорозни казни за возачите – за минување на црвено и непрописно паркирање, а контролата ќе се врши преку камерите од проектот „Сејф сити“.

Во повеќе европски земји ваквите правила одамна се воведени – во Франција казната за користење тротинет на тротоар е 135 евра, во Литванија пешак со телефон на пешачки плаќа до 40 евра, а во Данска и до 140 евра.

На Балканот, Македонија сега важи за една од земјите со најригорозни правила за пешаците и корисниците на тротинети.