Skip to main content
Македонија

Од четврток (8 Јануари) заладување и пообилни врнежи од снег

05/01/2026  08:25

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност  и на серија на влажни воздушни бранови од запад и од југозапад во Македонија во текот на оваа недела времето ќе биде променливо со чести и повремено пообилни врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат проследени и со засилен ветер од јужен правец. Локално за време на овој период ќе наврне позначително количество на дожд (над 30 литри на метар квадратен дожд а во западните предели локално над 50 литри на метар квадратен дожд).

И во Скопје  и околината во текот на оваа недела времето ќе биде променливо со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер од јнужен правец. Температурите остануваат релативно високи и над просекот за овој период од годината и тоа поради јужното воздушно струење  и потоплата воздушна маса од југ. Температурите на повеќе места ќе се искачуваа до околу а во делови од Македонија тие ќе надминуваат и 10 степени. Релативно високи и над нулата ќе бидат  и ноќните  и утринските температури на воздухот.

Поради продор на значително ладен воздух од север кај нас во Македонија во четврток (8 Јануари) температурите значително ќе опаднат  и повторно тие ќе бидат зимски и проследени со повремено засилен ветер од северен правец. Токму поради ова врнежите од дожд на планините  и на повисоките населени места ќе преминат во врнежи од снег  и ќе се формира снежна покривка. Во четврток (8 Јануари) барем од она што можам во моментов да го кажам снежната граница може да се спушти и под 1000 метри надморска височина а појава на повремени врнежи од снег би можело да има  и во пониските предели (градовите).

Понатаму следува нова  и по потреба обновена метео анализа околу новиот продор на ладен и влажен воздух од север кој го очекувам од четврток (8 Јануари) во Македонија.