
Затоа што од другата страна имаме испорака еднаква на нула. Би бил наивен како и сите тие во минатото да верувам дека ако нема испорака од другата страна, дека треба ние да го направиме. Додека сум премиер, нема никогаш тоа да го направам, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со претседателот на ЕС, Антонио Кошта, одговарајќи на новинарско прашање зошто не се спроведат уставните измени во Собранието.
Премиерот беше запрашан дали се откажува од одложеното дејство на уставните измени и дали ќе се бара креативно толкување на Преговарачката рамка со ЕУ.
-Ќе повторам: и тогаш и денеска сум на истиот став дека евроинтегративниот процес треба да се темели на вредности, а не билатерални прашања. За жал, претходната Влада прифати такво билатерално прашање да биде дел од нашата европска иднина. Јас тоа нема да го прифатам и ќе се борам колку што можам и додека можам да најдеме да излеземе од овој процес во кој што сме сега. Јас немам совест да излезам пред македонските граѓани и да им кажам дека ќе биде променет Уставот, а притоа да заборавам дека има најмалку 14 пресуди од Стразбур има за Македонците од другата страна на границата кои Бугарија одбива да ги примени. Една земја-членка на ЕУ се уште го доведува во прашање мојот мајчин јазик и идентитет. Кога ќе имаме јасна позиција од ЕУ и сите земји-членки околку многувековениот македонски јазик и идентитет и околу вистинската желба да бидеме дел од европското семејство, но и почитување на европските институции како што е ЕСЧП, тогаш сум тука подготвен да разговарам во секое време за се. Да покажеме дека можеме патот ќе го одиме заедно. Дали некој некогаш го поставил прашањето зошто македонските граѓани немаат против дел од хрватската или црногорската заедница да бидат дел од Уставот или Шпанците и Португалците? Никој нема проблем, а зошто има токму за ова? Тоа е проблемот. Решавањето на проблемите е ако ги идентификуваме проблемите, рече Мицкоски во присуство на Кошта.