Skip to main content
Македонија

Од август до сега цената на кафето порасна за 60%

11/05/2025  20:39

За краток период цената на кафето драстично порасно, правејќи го луксузно добро, неприфатливп за сите граѓани. Зголемување на цените на берзата на кафето на меѓународно ниво во период од 5ти август 2024 година – до 29ти април годинава има драстично зголемување за речиси 60 проценти покажуваат податоците на trading economics, пренесува Алсат.

Цените на кафето рушат рекорди поради лошите временски услови во регионите каде се одгледува кафе во Бразил. Според светските компании за производство на кафе, цената се очекува дополнитено да продолжи да расте. Но, според нив има само две работи што можат тоа да го спречат: Прво, Бразил и Виетнам да имаат добар принос и цените да не растат кога се зголемува побарувачката.
Граѓаните велат дека цената на кафето брзо и драстично се покачила, но додаваат колку и да се покачува цената на кафето нема да го остават и ќе продолжат да го пијат.

Анкета – граѓани
„Богами одеднаш да се качи, јас гледам децата купуваат и го зимаа 80-90 денари, сега е 160денари, да не зборам тие поскапи кафиња јас пијам од најевитните. “
„Ниедно зголемување во нашата држава не е оправдано. За колку е поскапено?- па не знам последните цени дури ме зачудија во некој маркети, 200 грама кафе 149 денари значи тоа ме зачуди, ајде да беше 102 – 105 200 грама ама 149 некако ми дојде доста скапо.“
„Мислам дека пример за студенти можеби им е потешко како младината обично што седи на кафе да си дозволат ако се премногу повисоки цените. Значи не е оправдано според вас зголемувањето на цената на кафето? Мислам дека не “
„Како и секогаш, ништо не ни е јасно во оваа држава. Не е оправдано, меѓутоа они си имаат своја прерачуница на грбот на народот се богатат.Според вас колку е поскапено кафето? – Според мене едно 20-30 посто да. “
„Дека ќе го откажам кафето не, макар едно ќе продолжам додека можам и ме служи здравјето.“
„Не, јас не пијам премногу но кога пијам уживам во кафето така да што знам,мислам дека можеби цените како што се на се покачени треба можеби малку да се симнат ако има можности сега со сите политики.“

Според експертите цените на кафето се очекуваат да растат уште најмалку шест месеци.