Skip to main content
Балкан

Од 17 часот блокада на граничниот премин Богородица

09/01/2026  14:49

Грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премини Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција од 17:00 часот по македонско време.

Блокадата се очекува да трае до полноќ по грчко, 23 часот по македонско време и како и досега ќе се однесува на сите видови возила.

Грчките земјоделци и вчера попладне, во истиот период го блокираа граничниот премин, а во однос на плановите во следните денови, според информациите на МИА, исто како и досега, одлуките ќе ги носат во последен момент, особено сега кога изразија подготвеност во вторник да се сретнат со грчкиот премиер.

На ГП Ники (ГП Меџитлија), како што соопшти АМСМ има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае до утре до 10 часот.