
Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ најави дека јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен за сите од 1 јануари 2025 година.
„Од 1 јануари 2025 година, целиот јавен превоз во Белград ќе биде бесплатен. Така, веќе никој нема да мора да плаќа билет. Нема повеќе месечни, годишни или попусти“, објави Шапиќ на прес-конференција.
Тој рече дека со таа социјална мерка Белград ќе биде единствениот град во Европа со повеќе од половина милион жители каде што јавниот превоз е бесплатен.