Skip to main content
Балкан

Од 1 јануари 2026 година во Бугарија ќе се плаќа само со евра

04/06/2025  14:46

Бугарија ги исполни условите за усвојување на единствената валута на Европската унија – еврото – од 1 јануари 2026 година, со што стана 21-ва членка на еврозоната, објави денес Европската комисија.

Официјалната одлука за влез на Бугарија во Еврозоната треба да ја донесат министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ на 8 јули, но не се очекува противење, бидејќи Софија ги исполнува сите технички критериуми.

Европската централна банка, исто така, денес даде позитивно мислење за ова прашање.