Skip to main content
Македонија

Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со Пулс

19/11/2025  15:19

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Секој процес е отворен за јавноста, може да присуствува публика согласно Законите за транспарентност. Прес-конференцијата на Филипче е срамен обид да глуми чесен во ситуација кога цела држава знае дека има сериозни дамки од модуларната, па се до разни набавки во здравството.

Цела држава знае, освен обвинителството. И еве го повикуваме обвинителството на Заев и Филипче да делува одговорно и да испита сѐ. Истовремено сметаме дека обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со Пулс, да не биде бескомпромисен и да ги повика на одговорност сите кои се огрешиле во било каква смисла, без разлика на политичка или етничка припадност, и да не води сметка на било какви политички пораки и притисоци каква што е и оваа алиби прес-конференција на докторот Менгеле, Филипче кој колку и да се обидува, не може да ја сокрие грозоморната улога во разни случаи.

Вистината мора да излезе на виделина. Македонија мора да гради систем во кој нема да има повластени и недопрени, туку Законот ќе важи за сите. Заради тоа овој случај е исклучително важен. Македонија мора да ги победи сите оние кои мислат дека со евтини трикови ќе ја надмудрат и остават во калта на нивното гнасно минато.

Правда мора да има. За сите!