
И покрај речиси целосната блокада на интернетот и телефонските врски, од Иран продолжуваат да пристигнуваат снимки и извештаи кои покажуваат дека голем број демонстранти се вратиле на улиците.
Протестите против режимот траат веќе 13-та ноќ по ред, и покрај стравувањата од сурова репресија. Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани со одговор доколку иранските власти започнат со масовни убиства на демонстранти.
Војската на Иран неколку пати повтори дека ќе пука врз демонтрантите кои палат и уништуваат, а обвинителството се закани со смртни казни за демонстраните.
Протераниот принц Пахлави ги повика демонстрантите да ги окупираат градските центри и да започнат генерален штрајк, велејќи дека „се подготвува да се врати“.
За потстување, Трамп го предупреди Техеран дека САД ќе реагираат ако се случат масовни убиства.

