Skip to main content
Балкан

Обвинителството на БиХ побара петгодишна затворска казна за Додик

19/02/2025  17:15

Во својата завршна изјава пред Судот на Босна и Херцеговина, државниот обвинител побара Милорад Додик и Милош Лукиќ да бидат осудени на затворска казна поблиска до максималната предвидена за ова кривично дело, која вообичаено се движи од шест месеци до пет години.

Дополнително, се бара забрана за политичко дејствување, преку мерката забрана на функцијата претседател на РС, а Лукиќ од функцијата директор на Службен весник во времетраење од 10 години.

По излагањето на завршните зборови, Судот на Босна и Херцеговина треба да донесе пресуда во рок од три дена.