Skip to main content
Македонија

Обвинителството докажува дека Палевски и во минатото не ги почитувал законите, а тој обвинува дека го местеле за подготовка на атентат врз Заев

28/04/2025  15:15

Обвинителките му ја предочија целата казнена евиденција на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за двојното убитво на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тие му посочија дека бил повеќе пати осудуван, како во Македонија, така и во Задар. Тој пак, ги обвини дека врз него се прави политички прогон. Обвинителката го праша, дали за него е својствено да не ги почитува законите.

„Осудуван сте со правосилна пресуда на судот во Задар, Хрватска, за две кривични дела против платниот промет и измама во економско работење, изречена ви била условна осуда, потоа, со правосилна пресуда исто така во Задар, за две кривични дела за платниот промет и работење, измама при економско работење и повреда на губење, презадолженост и неспособност за плаќање, во единствена казна затвор од траење од 8 месеци. Осудуван сте и со пресуда на Основен суд Скопје 1, која постапка почнала во 2012 година која со пресуда на 15.03.2020 за кривично дело измама, ви била изречена условна осуда. И повторно пресуда од Скопски кривичен суд, за кривично дело за злоупотреба на службена положба за кое дело на 2013 година ви била изречена условна осуда затвор 8 месеци, услов 2 години. Во 2023 година не сте ги почитувале ниту прописите за време на прогласената епидемија, а сте сториле и кривично дело за што сте биле условно казнет, а во вашата евиденција постои и постапка која се води против вас за кривично дело оддавање службена тајна, која што постапка била во тек кога се прибавувала казнената евиденција. Сето ова очигледно укажува дека имате проблем со почитување на законите и дека долг период постапувате противзаконито за што се донесени и правосилна пресуда. Очигледно ви се својствени, очигледно имате проблем да ги почитувате законите така?“, праша обвинителката и доби одговор:

Му благодарам на ЈО што би постави прашања, ниту еднаш не се спомна било какво кривично дело врзано со насилие, грабнување и убивање луѓе. Заборави да каже дека условни се осудите во Хрватска за правен субјект за неплатени фактури, а не за мене. Организираа да седам во притвор во Белград, осум месеци за кривичен случај за кој се бараше условна казна. Се договоривме екстрадицискиот притвор да биде казната, бидејќи никој не барал затвор за Љупчо Палевски. ОЈО не извадил од судот во Прилеп, осуда на 3 години ефективен затвор, снимање на телефонски комуникации без разлика што колегата јавен обвинител од Прилеп барал условна казна за така сериозно дело. Е таа пресуда е донесена додека сум во притвор во КПУ затвор Скопје во отсуство, во судот во Прилеп. Јавниот обвинител намерно ја испушти оваа пресуда во набројувањето. Тие разговори некогаш не биле злоупотребувани. Се обидувам да кажам што сѐ испуштија во нивното набројување на кривични дела кои сум ги сторил. Споменатата постапка која била во тек исто така е процес во кој ме судат за објавени службени белешки од тогашна УБК сегашна АНБ во кои службени белешки има дека незаконски сум прислушуван. Но АНБ ја потврди веродостојноста дека пред референдумот во 2018 година сум сликан, физички пратен и има 10-тина цитати од мои разговори од мојот телефон. Направив прес конференција и го повикав јавниот обвинител јавно да дојде и да ме испитува бидејќи во јавните белешки беше напишано дека сум организирал атентатот на тогашниот премиер Заев“, одговори Палевски.

Обвинителката се интересираше, дали ако во Македонија го гонат оти е под политички прогон, иста ли е причината што бил гонет и во Хрватска, а Палевски одговори: Не, не беше. Ако беше така, јас ќе кажев“.