Skip to main content
Македонија

Обвинителство: Претреси на пет локации за пожарот во Кочани

25/03/2025  12:57

Јавното обвинителство објави дека во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови координирано вршат претреси на пет локации во Кочани и во Скопје во врска со пожарот во дискотеката во Кочани.

Неофицијално, се врши претрес во останатите правни субјекти кои се во сопственост на газдата на дискотеката „Пулс“, а се истражувало и во локалната служба на Државниот пазарен инспекторат.

Од таму информираат дека се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија.

„Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица“, додаваат од таму.