
Обвинителките кои ги гонат Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, остануваат на тврдењето дека убиството на Вања Ѓорчевска е направено поради користољубие. Со старо-нова снимка во судницата, докажуваат дека сите заедно, се вратиле да земат и лопата, што за нив е јасен знак дека целта била Вања Ѓорчевска да биде убиена.
Во случајов се работи за користољубие, од почеток до извршување на делата, обвинените заедно се договарале за да ги преземат дејствијата, за да остварат користољубие. Со убиството на Вања се докажува дека сите ги презеле дејствијата“, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска.
Прашана, кои се доказите дека станува збор за користољубие, бидејќи не побарале средства, туку веднаш го убиле девојчето, обвинителката одговори: „Причината поради која не е побаран било каков износ на парични средства или друго, било во контекст на целта која сакале да ја остварат“, ја па дополни нејзината колешка Ана Стојковиќ Димитровска која рече: „Дозволете за тој мотив дополнително да се изјасниме во завршните зборови. Денеска не беа изведувани докази на таа околност. Ќе ни дозволите до крајот на постапката да се изјасниме“.
Обвинителките беа прашани, дали снимката на која се гледа дека обвинети се враќат по лопатата, што за Обвинителството е јасен знак за намерата да биде извршено убиство, е јасен знак дека таткото немал поврзаност со помагање при грабнување.
“Снимката беше иснесена како одговор на тврдењата на обвинетите, дека тие немале мотив да убиваат туку тргнале да грабнуваат луѓе. Тоа што тие се враќаат да ја стават лопатата, да ја земат со себе, бидејќи им била заборавна, укажува дека тие биле подготвени за убиство. Од таа причина беше изнесен и тој како доказ. Ова беше побивање на нивниот мотив согласно дадената одбрана, а нема врска со вината на Александар Ѓорчевски никако ниту е обвинет за убиство, туку за помагање при грабнување на детето“, рече обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска.