
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ги отвори обновените спортски терени на кејот на реката Вардар, реализирани во партнерство со Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски.
Проектот вклучува реконструкција на терени за фудбал, одбојка на песок и кошарка, поставување урбана опрема и воспоставување современи отворени фитнес-зони.
Во рамки на иницијативата се предвидени и уредувања на спортските површини во Маџир Маало и формирање на безбедна и достапна градска плажа за рекреација и одмор. Со овие интервенции, кејот на Вардар се преобразува во модерно, функционално и живо јавно пространство отворено за сите граѓани.
Остварените активности се дел од пошироката стратегија за унапредување на јавните простори, промоција на здрави навики и рамномерен урбан развој.
Градоначалникот и Министерството за спорт изразија благодарност кон сите партнери и најавуваат продолжување на слични инвестиции во службa на заедницата и граѓаните.


