Skip to main content
Македонија

Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени

23/02/2025  08:06

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Од вечерните часови и преку ноќта во планинските региони ќе има услови за слаб снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 7 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Од утре следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од ноќта кон понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините и на повисоките места повремено ќе провејува слаб снег.