Skip to main content
Балкан

Објавена снимка од двојното пукање во Косово – осомничениот со две пушки пукал кон возило

18/10/2025  23:29

Објавена е снимка од двојното пукање што се случи во петокот во Пеќ, во близина на Основниот суд. На видеото, објавено од Коха, се гледа осомничениот како со две автоматски пушки АК-47 пука кон движење возило.

Според информациите, полицијата брзо реагирала и успеала да го уапси напаѓачот. Во инцидентот биле повредени две лица – едното е пренесено на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Косово (УЦКК), а другото е во стабилна состојба во болницата во Пеќ.

Полицијата на местото на настанот запленила две автоматски пушки АК-47, два револвера, 129 патрони и 16 чаури, кои се обезбедени како материјални докази.

Според повеќе извори, осомничениот е член на семејството на лице убиено пред три години, а нападот се поврзува со крвна одмазда. Основниот суд во Пеќ претходно ги осуди обвинетите во тој случај на вкупно 44 години затвор, по што тие биле пуштени од притвор.

Видео на ЛИНКОТ