
Авион на „Ер Индија“ што леташе кон Лондон со 242 лица се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот Ахмедабад. Патничкиот авион се урна во округот Меганинагар. Според најновите информации, повеќе од 200 лица загинаа.
Шефот на градската полиција изјави дека е пронајден еден преживеан. Станува збор за британско-индиски државјанин, Вишвас Кумар Рамеш.
Дел од авионот се урна во хотел каде што живеат лекари. Федерацијата на сите индиски медицински здруженија (FAIMA) објави дека помеѓу 50 и 60 студенти по медицина се однесени во болница.
Густи облаци од чад се издигаа од местото на несреќата и беа видливи од голема далечина. Итните служби, вклучувајќи ги и пожарникарите, веднаш беа испратени на местото на несреќата и во тек е спасувачка операција.
New CCTV footage emerges of the Air India 787 as it took off from Ahmedabad. It also appears to show smoke (or dust) as the aircraft lifted off from the runway. pic.twitter.com/8ytjZCDOP1
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) June 12, 2025
Се појавија нови снимки од безбедносните камери на кои се гледа како авион на „Ер Индија“ што леташе кон аеродромот Гетвик во Лондон се урива и се запалува само неколку секунди по полетувањето.
Видеото го прикажува авионот како полетува од аеродромот во Ахмедабад. Само неколку секунди подоцна почнува да губи висина, неговиот долен дел е сè уште спуштен, а носот е кренат. Набргу потоа, во моментот на ударот се случува силна експлозија.