
Првиот краток трејлер за „Ѓаволот носи Прада 2“, долгоочекуваното продолжение на култниот филм од 2006 година, конечно пристигна. Обожавателите на Миранда Пристли и нејзините асистенти добија увид во следното поглавје од оваа модна приказна.
Во својот препознатлив стил, 20th Century Studios го објави трејлерот со легендарната реплика: „Продолжение? За пролет? Револуционерно“. Видеото е придружено со песната на Мадона, Vogue, која го одбележа и оригиналниот филм и го потврдува враќањето на главните ѕвезди.
„Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи се враќаат во ‘Ѓаволот носи Прада 2’ во кината од 1 мај 2026 година“, се вели во официјалното соопштение.
Новиот филм ќе ја следи главната уредничка на списанието Runway, Миранда Пристли (Стрип), која се бори да ја одржи својата кариера во свет во кој печатеното новинарство полека исчезнува.
Ситуацијата станува уште покомплицирана кога Миранда се соочува со Емили Чарлтон (Блант), нејзината поранешна помлада асистентка, која оттогаш стана моќен извршен директор на луксузна група. Токму нејзиниот маркетинг-буџет е тој што на Пристли очајно ѝ е потребен за да ја спаси својата империја.
Заедно со враќањето на саканите ликови од првиот филм, објавено е дека голем број нови лица ќе се приклучат на глумечката екипа, а некои од споредните ликови нема да се појават во продолжението.

