
Објавен е Јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого) на Собранието на Република Македонија со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален, визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните
вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата.
Во Јавниот конкурс се посочени главните елементи што треба да ги содржат понудите за идејно решение за изработка на логото и критериумите што треба да бидат задоволени. Меѓу другото, дизајнот на логото треба да биде уникатен и неупотребуван досега, така што авторот треба да
обезбеди ексклузивност на дизајнот и да гарантира дека конечниот труд нема да повредува какви било интелектални права.
Секој учесник на конкурсот има право да поднесе најмногу до три идејни решенија за лого на Собранието.