Skip to main content
Македонија

Објавен е конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци за справувањето со дезинформациите

23/07/2025  18:47

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ втора година по ред објави: КОНКУРС за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата.

Ќе бидат доделени две годишни награди во следните категории:

А. Најдобар новинарски труд, односно стручен труд подготвен од граѓански организации и поединци и

Б. Едукативна мултимедијална содржина подготвена за млади од 18 до 28 г., каде што на креативен и иновативен начин се употребени информациско-комуникациските технологии, со цел да допрат до младите и да ги едуцираат да се јакне отпорноста од дезинформациите.

Право на учество имаат сите оние кои што авторски (поединечно или групно) го создале и објавиле материјалот (од категориите под А. и Б. наведени во Конкурсот) во весник, на телевизија или на интернет-портали (онлајн медиуми) во периодот од 1 ноември 2024г. до 1 октомври 2025г. На конкурсот, авторите може да се пријават и со серија на содржини кои се меѓусебно поврзани, но се однесуваат на една конкретна тема.

Конкурсот е отворен до 1 октомври 2025 година. 

Сите детали за Конкурсот може да се најдат на следниов линк: https://metamorphosis.org.mk/aktivnosti_arhiva/metamorfozis-objavuva-konkurs-za-godishna-nagrada-ilija-zupanoski/ (на македонски јазик) и https://metamorphosis.org.mk/sq/aktivnosti_arhiva/metamorfozis-shpall-konkurs-per-cmimin-vjetor-ilija-zhupanoski-2/ (на албански јазик).