Skip to main content
Македонија

ОБИЛНО ВРНЕ ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА: Следува продор на многу поладен воздух од север!

16/05/2025  08:47

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на голем влажен Медитерански воздушен бран, веќе насекаде во Македонија имаме обилни врнежи од дожд, а температурите полека се повеќе опаѓаат. Обилните врнежи ќе продолжат во текот на целиот денешен ден (петок 16 мај) се до ноќните часови кон утрешниот ден сабота (17 мај).

На повеќе места ќе наврне значително количество на воден талог (над 20/30 литри дожд на метар квадратен, локално над 40 литри дожд на метар квадратен). И во Скопје  и околината за време на овој период ќе има пообилни врнежи од дожд.

Во исто време од север  и од североисток ќе ни се спушта многу поладен воздух, кој и понатаму ќе ги спушта температурите на воздухот и тие ќе бидат значително потпросечни за средината на месец мај. Поради падот на температурите на воздухот, на планините над 1400/1500 метри надморска височина, особено во северозападните  и во западните предели од нашата Република Македонија ќе има врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка, во дел од планините и со висина од над 10 cм снег.

Да напоменам дека поради обилните врнежи, можно е зголемување на нивоата на реките  и на езерата во Македонија, а исто така, можни се  и локални поплавувања. Апелирам, граѓаните да бидат многу внимателни, особено  ако се движат покрај реките  и водотеците.