
Во полицијата било пријавено дека во текот на ноќта меѓу 29 и 30 октомври непознат сторител со употреба на физичка сила и алат влегол во филијала на фирма на подрачјето на Бит Пазар и одзел сеф со пари.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

