
Штипската полиција поднесе кривична пријава против М.Н.(27) од Македонска Каменица поради загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и загрозување на сигурноста.
„На 19.04.2025 во село Истибања, виничко, првопријавениот се обидел физички да го нападне со остар предмет Т.С., а подоцна му упатувал закани по живот на мобилна апликација“, се вели во информацијата од МВР.