
На (03.02.2026) во 02:00 часот во близина на Граничен премин Богородица, при обид за илегален излез од државата, полициски службеници лишија од слобода седум странски државјани , од кои пет лица од Пакистан, а двајца од Индија.
По извршени проверки во оперативната евиденција е констатирано дека тие претходно оствариле влез во државата на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

