Skip to main content
Македонија

Нуркачка акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад

10/05/2025  09:40

Стотина нуркачи од земјава и од регионот ќе учествуваат на годинашната еколошка акција „Охрид ЕКО 2025“ за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.

Акцијата што по четврти пат се одржува во организација на Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, предвидува чистење на езерското дно од депониран отпад. Нуркачите поделени во групи денеска ќе собираат отпад кај Градското пристаниште во Охрид, кај селото Љубаништа, Заливот на коските, автокампот „Градиште“ и кај Калишта.

Целта на акцијата што се организира пред главната туристичка сезона е заштита на биодиверзитетот, подигнување на свеста кај населението и зачувување на природната убавина на eзерото, велат од Нуркачкиот центар „Амфора“.