
„Во име на студентската автономија, НСС УКИМ ги повикува сите студенти на пленум во понеделник во 13 часот на платото на УКИМ. Ова се наши факултети, наше право е да одлучуваме!“ стои во објавата на НСС УКИМ.
„Не ни треба бирократско тело кое работи зад наш грб. Време е студентите да одлучуваат за своите факултети, а не второстепеното бирократизирано тело УСС. Ги повикуваме сите факултетски собранија да го следат примерот на ФСС ФЗФ и да го делегитимираат телото кое не ги претставува студентите. Во понеделник, сите на платото – студентската автономија не се моли, туку се брани!“ повикуваат студентите.