Skip to main content
Македонија

Ново сведоштво од пожарот во Кочани: Наеднаш се онесвестив, но Бог ми даде некоја сила и се разбудив

28/03/2025  20:50

Борче Јованчевски е момчето кое успеало да се спаси од пожарот во кочанската дискотека “Пулс”. Тој раскажа што се случило таа ноќ.

Своето сведоштво го пренесе во видео снимено во просториите каде се работи на supportkocani.com, платформата која ја направија група млади луѓе за директни донации на семејствата на настраданите и повредените.

„Јас ја држев сопругата за рака и наеднаш од јаглеродниот моноксид се онесвестив, но Бог ми даде некоја сила, не знам како да опишам. Се разбудив, видов дека не ја држам веќе за рака. Пробав да излезам, но никако не успеав, бевме заглавени. Бог ми даде сила, се искачив, почнав да гребам и паднав долу пред скалите“, раскажува Јованчевски. Прво нешто што направив,истурив вода на лицето и тргнав да извлекувам луѓе. Многу од нив беа заглавени, сите пружаа рака за помош.

Сведоштвото на Борче погледнете го ТУКА.