Skip to main content
Македонија

Ново невреме ја зафати Македонија, наврнаа максимални 23 литри дожд!

04/09/2025  10:08

Вчера (среда 3 септември) во попладневните и во вечерните часови како и во текот на изминатата ноќ под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која беше поврзана со фронталниот бран со поладен воздух на висина кој од северозапад преку Алпскиот регион се спушти до нашиот дел од Европа услови на повеќе места во нашата Македонија времето да биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, локално во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

Најмногу дожд до утринава наврна во Битола и тоа 23 литри на метар квадратен дожд, во Прилеп наврнаа 17 литри дожд на метар квадратен, во Пожаране наврнаа 13 литри дожд на метар квадратен. Врнежи имаше и на другите места од нашата Македонија.

На првата метеоролошка карта можете да го видете наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа до овие утрински часови.

На втората метеоролошка карта пак можете да ги видите измерените температури во нашата Македонија ова утро. Најсвежо од градовите е во Битола со измерени 15 степени, а највисока температура од 23 степени е измерена во Гевгелија. Во Скопје и околината температурата изнесува 17 степени.